Hotel Radan – Пролом Бања
Пролом Бања се наоѓа во Јужна Србија, на падините на планината Радан. Позната е, пред сè, по својата лековита Пролом вода, која припаѓа на ретката група води со високи балнеолошки вредности: високоалкална (pH 8,8-9,2), нискоминерализирана (сув остаток 148 мг/л), бикарбонатна. Со желба да Ви го доближиме овој единствен дар на прородата, овозможивме секаде во хотелот да бидете во контакт со Пролом водата. На лековитата Пролом вода се засноваат сите наши здравствени програми. Ефектот на лекувањето се зголемува со примена на балнеолошки и физикални третмани, со престој на чист и свеж воздух и прошетки во недопрената природа на Пролом Бања. За подобрување на општата здравствена состојба придонесуваат надморската височина (550-668 м) и умерено континенталната клима со голем број сончеви денови во годината. Комплексот на хотелот Радан обедини во себе сместување во удобни соби, современи медицински и Wellness третмани, содржини за рекреација, забава и излети. Ако сакате простор за работа во мирен амбиент, за Вас обезбедивме сали за состаноци со сета потребна опрема.
Ценовник за 2024 година
|
Јануари Февруари Март |
Април |
01.Мај -20.Јуни |
20.Јуни -10.Септември |
10.Септември- 30.Септември |
Октомври, Ноем, Декември |
БО основен ден |
55 € |
56 € |
57 € |
60 € |
57 € |
55 € |
* Наведените цени не се валидни во период на државни и верски празници во Србија : 01.01.-09.01.2024., 14.02.-19.02.2024., 30.04.-06.05.2024., 08.11.-13.11.2024 и 25.12.-31.12.2024., кога важат посебни празнични пакети
*Цените се изразени по лице на ден , и се однесуваат за минимум престој од 2 ноќевања.
За престој пократок од 2 ноќевања, цената се зголемува за 20%
Доплати :
-Доплата за еднокреветна соба 13 евра дневно
-Доплата за комфорт соба ( на нов спрат ) 5 евра на ден по лице
-Доплата за сместување во апартман 13 евра дневно по лице
-Деца од 7-12 години плаќаат 50% од цената за сместување со 2 возрасни лица
-Деца до 7 години бесплатно за сместување со 2 возрасни лица
Основен БО вклучува:
*Лекарски преглед кај дежурен лекар во текот на престојот.
*Балнеотерапија ( пиење пролом вода од изворот или во соба, хидрокинези терапија ( групни вежби во базен со лековита вода)
*Здравствена контрола од лекар- 24 часовна лекарска служба и изработена отпусна листа
*Секојдневно користење на внатрешниот базен (16х9м ) со лековита вода и температура од 30 степени целзиусови.
*Секојдевно користење на надворешните базени со лековита вода ( во период кога дозволуваат временските услови ) Велнес центар (сауна, солена соба,џакузи базен со лековита Пролом вода, парна бања)
*Секојдневно користење на фитнес салата и спортските терени, користење на салите за забави, тенис, билијард, пикадо.
*Сместувањето е во стандардни двокреветни соби во хотел Радан.
*Секоја соба е опремена со Тв, Wi-fi лековита Пролом вода, бањарки, и фен за коса.
* Полн пансион (појадок, ручек и вечера) на база на шведска маса
*Туристичка такса и осигурување