Андромеда
Вила Андромеда – Пефкохори 2024
ОПИС:
На 100 километри од Солун, веднаш по Полихроно и Ханиоти, доаѓаме до живописниото место Пефкохори, познато по својата песочна плажа, кристално чисто море и одличен ноќен живот. Името на ова туристичко село во превод значи боровo село и доаѓа од изобилството на борови шуми во областа. Од брегот има прекрасен поглед на Атос и полуостровот Ситонија. На плажата има лежалки и чадори, кои најчесто се обезбедуваат бесплатно со пијалок од баровите и кафулињата кои се нанижани едно до друго покрај плажата. Плажата секоја година добива сино знаме затоа што е организирана и чиста.Ноќниот живот во Пефкохори, кога зборуваме за Касандра, е највозбудлив. Шеталиштето покрај брегот во вечерните часови се претвора во голема забава на отворено. Музика, многу луѓе, забава на секој чекор. Поради добрата атмосфера во вечерните часови, туристите доаѓаат од околните места, па сè е многу живо.
Вила Андромеда се наоѓа на околу 180 м од плажа сместена е во Пефкохори. Вилата нуди сместување со бесплатен приватен паркинг. Во близина се наоѓаат главните знаменитости на Пефкохори, како што се плажата Гларокавос и Агиос Димитрио. Вилата се наоѓа на 190 метри од Yalla Beach Bar Restaurant, одма до познатиот ресторан Bakalis, Bora Bora Coffee & Drinks каде што гостите можат да вечераат.
Вилата нуди:
Апартмани бр.1 – 1 СПРАТ за 4 лица (спална со француски лежај+ кревет на спуштање во кујна+софа во салон), опремени со клима уред, купатило со туш,кујна со трпезариска маса, шпорет со релна, голем фрижидер, ТВ, WiFi интернет, тераса од кујната.
Апартмани бр.3 – 2 СПРАТ за 6 лица (2спални, 1 со француски лежај + 1единечен кревет +1кревет на спуштање и 1спална со француски лежај), опремени со клима уред, купатило со када, кујна со трпезариска маса, шпорет со релна, голем фрижидер, ТВ, WiFi интернет, градина, тераса од двете спални и од кујна.
Апартмани бр.4 –СУТЕРЕН за 4 лица (1спалн–француски кревет, 2единечни кревети во дневна/кујна), опремени со клима уред, купатило, кујна , шпорет со релна, голем фрижидер, ТВ, WiFi интернет, (нема тераса се користи простор од дворот)
Check in: 14:00h.
Check out: 09:00h.
Важна Напомена: За хигиената на студијата се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место.Студијата не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.
GPS: https://goo.gl/maps/cUBGU1Cg7npWmrTg9, 39°59’10.9″N 23°37’11.8″E
ПОПУСТИ:
-10% попуст за резервација со 50% уплата до 28.02.2024
-7% попуст за резервација со 50% уплата до 10.05.2024
Период | Ноќи | 1/3+1 апп | 1/5+1апп | Коментар |
19.05-26.05.2024 | 7 | 171 € | 211 € | промо |
26.05-02.06.2024 | 7 | 211 € | 261 € | промо |
02.06-09.06.2024 | 7 | 251 € | 301 € | |
09.06-16.06.2024 | 7 | 311 € | 351 € | |
16.06-23.06.2024 | 7 | 361 € | 411 € | |
23.06-30.06.2024 | 7 | 421 € | 471 € | |
30.06-07.07.2024 | 7 | 481 € | 551 € | |
07.07-14.07.2024 | 7 | 561 € | 601 € | |
14.07-21.07.2024 | 7 | 611 € | 671 € | |
21.07-28.07.2024 | 7 | 611 € | 671 € | |
28.07-04.08.2024 | 7 | 611 € | 671 € | |
04.08-11.08.2024 | 7 | 611 € | 671 € | |
11.08-18.08.2024 | 7 | 611 € | 671 € | |
18.08-25.08.2024 | 7 | 591 € | 641 € | |
25.08-01.09.2024 | 7 | 471 € | 541 € | |
01.09-08.09.2024 | 7 | 381 € | 421 € | |
08.09-15.09.2024 | 7 | 301 € | 351 € | |
15.09-22.09.2024 | 7 | 221 € | 271 € | промо |
22.09-29.09.2023 | 7 | 171 € | 211 € | промо |
Плаќањето е во денарска противвредност 1 Евро = 62 денари.
На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
Во цената е вклучено:
7 ноќевања за наем на соба, Интернет (Wi-fi) (агенцијата не гарантира за брзината и јачината), Паркинг, Клима уред
Во цената не е вклучено:
Превоз, Патничко осигурување, Туристичка такса: 1,5 € по соба на ден (се плаќа во агенцијата)
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики
- Скопје (Дрводекор) – 45еур по лице
- Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 60еур по лице
- Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) – 45еур по лице
- Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –45еур по лице
- Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 45еур по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:
- Битола -(Автобуска станица Транскоп – на перон) – 40еур по лице
- Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –40еур по лице
- Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –50еур по лице
- Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 50еур по лице
- Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 50еур по лице
- Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена
- Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
Јк Травел го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70% , или промена на цената на горивото
ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:
-3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес
-5:00 Струмица (БП Макпетрол нов кружен тек) Трансфер до Удово
-4:00 Скопје (Дрводекор)
-4:30 Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија)
-5:00 Неготино (БП Неготино)
-5:40 Удово (БП Удово)
-6:00 Граничен премин ( БП Шимов)
ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ
-5:00 Битола (Градска Автобуска станица на перон)
-4:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
-3:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
-3:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
-4:15 Ресен (спроти автобуска станица) – Трасфер до Битола
ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:
- 15:00 локално време (14:00 Мак. време) Калитеа
- 14:45 локално време (14:00 Мак. време) Полихроно
- 14:30 локално време (13:30 Мак. време ) Ханиоти
- 14:15 локално време (13:15 Мак. време) Пефкохори
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето
Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.