Од август па сè до крајот на годината, европските сцени ќе блеснат со енергија и емоции, подготвени да го разбудат секое срце да чука во ритам. Оваа година ветува да биде вистински музички спектакл непропустлив за сите обожаватели на концерти во Европа.
Подгответе се за музичко патување водено од уметноста на највлијателните музички ѕвезди на нашето време. Ако некогаш сте сонувале да го слушнете вашиот омилен артист во живо, 2025 е годината кога сонот станува реалност, и тоа со помош на Mint Travel.

Година на музиката – Најголемите концерти во Европа
Концертите во Европа не се само настани, тие се доживувања што оставаат трага. Од грандиозни сцени под отворено небо до магични моменти со илјадници фанови, летото е совршено време да го споите патувањето со музиката што ја сакате.
Mint Travel Ви нуди можност да бидете дел од оваа еуфорија, обезбедете си билет за концертното искуство што нема да го заборавите.
Lady Gaga: Кралицата на трансформацијата
Замислете си: сцената се затемнува. Милиони чекаат здив за здив. И тогаш, таа, Lady Gaga, доаѓа да создаде уметност пред вашите очи. Нема ништо како настап на Lady Gaga. Нејзините концерти се спектакли кои комбинираат театар, мода, и емоции.
Во 2025, таа се враќа на европската сцена, со нов албум, подготвена повторно да ги воодушеви фановите со гласот, сценографијата и непредвидливите трансформации. Не е само музика, тоа е искуство што ќе остане со вас засекогаш.
The Weeknd: Поетот на поп сцената
Препознатлив глас, блескави светла и топол ноќен воздух, The Weeknd ќе донесе R&B атмосфера што ве обзема. Неговите концерти се како магични патувања низ љубов, загуба и вечна потрага по вистинска емоција.
Најновата турнеја ветува интензивна визуелна продукција и сет-листа што ќе ве пренесе од „Blinding Lights“ до најновите песни од неговите албуми. Европа го пречекува со широко отворени раце.
Kendrick Lamar (со SZA): Хип-хоп и поезија во симфонија
Два гласа што инспирираат, Kendrick Lamar и SZA носат нешто подлабоко од хитови. Нивната музика е спој на поезија, ритам и сурова искреност. Заедно создаваат настан што е длабоко емоционален и остава чувство кое долго одекнува во публиката.
Ова повеќе од концерт, ова е културен настан и доказ дека хип-хопот е форма на уметност која инспирира промени. Во концертната тура низ Европа, Kendrick и SZA ја пренесуваат Американската култура на сцена.
BLACKPINK: K-pop феноменот што го освои светот
Со милиони обожаватели ширум светот, BLACKPINK во 2025 се враќаат на европска сцена со спектакл што комбинира хореографија, визуели и моќен звук. Концерт на BLACKPINK е искуство што се памети засекогаш.
Со неверојатна продукција, совршена кореографија и огромна база на фанови, нивните концерти се визуелни и звучни спектакли. Ова лето, Европа ќе биде обоена во розово-црно, и фановите ќе имаат можност да ја доживеат моќта на K-pop на највисоко ниво.
Metallica: Вечните титани на хеви-металот
За љубителите на тежок звук, Metallica се вечно ледгендарни. И оваа година Европа има чест повторно да ги почувствува нивните легендарни звуци во живо. Овие концерти се незаборавни. Чиста, неконтролирана слобода на звук.
Ако некогаш сте сакале да слушнете „Enter Sandman“ или „Nothing Else Matters“ под отворено небо, ова е вашата шанса. Metallica секогаш дава 100%, а нивните концерти се вистински ритуал за рок обожавателите.
Foo Fighters: Рокенрол легенди
Ако постои бенд што ја дефинираше рок сцената за неколку генерации, тоа се Foo Fighters. Нивните концерти не се само хронологија на хитови, туку патување низ музичка историја, споено со нова енергија. Гласно. Моќно. Вистински рокенрол.
Бендот ќе настапува со сет листи од целиот нивен репертоар, што значи ќе слушнете сѐ од „Everlong“ до „The Pretender“ во концертна еуфорија каква што само тие знаат да создадат.
ENHYPEN: Новата генерација на K-Pop
Со ENHYPEN, доаѓа иднината. Се пробиваат со брзина на светлина. ENHYPEN се дел од новиот бран K-pop ѕвезди, и нивната турнеја низ Европа е најочекуваната меѓу Gen-Z фановите. Спој од неверојатна кореографија, модерни костими и визуелни приказни, нивните концерти се како модерни бајки.
AC/DC: Повторно на пат со громогласна турнеја
Нема потреба од вовед. Легендите се враќаат! AC/DC се името што вибрира низ генерации. Повторно на сцената во Европа, повторно со ритам што не познава старост. AC/DC настапуваат во рамки на својата 50-годишнина со огромна европска турнеја. Ова не се пропушта.
Со Mint Travel до омилените концерти во Европа
Од легенди што се враќаат на патот до нови ѕвезди што го освојуваат светот, Европа станува голема концертна арена отворена за сите љубители на звукот. Сега е моментот да ја испишете својата музичка приказна и да бидете таму каде што се создава историјата.
За повеќе информации за картите за специфичните концерти во Европа кои сакате да ги посетите контактирајте не преку Mint Travel, во некоја од нашите каннцеларии, или на телефон 15 107.


